Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се првите кои стигнаа до десеттата победа оваа сезона во НБА лигата. Ноќеска тие со 32 поени разлика го совладаа Бруклин.
Постигнати резултати на осумте средби од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Индијана – Орландо 88:69,
Детроит – Оклахома 104:88,
Њујорк – Далас 93:77,
Хјустон – Филаделфија 115:88,
Њу Орлеанс – Бостон 106:105,
Сан Антонио – Мајами 94:90,
Јута – Мемфис 96:102 и
ЛА Клиперс – Бруклин 127:95.
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 10-1 (победи-порази), Голден Стејт 8-2, Сан Антонио 8-3, Портланд 7-4, Хјустон 6-4, Јута 7-5, Оклахома 6-5,…
Пласман Источна конференција: Кливленд 8-1, Атланта 7-2, Торонто 7-2, Шарлот 6-3, Чикаго 6-4,…