Л.А. Галакси заинтересиран за Марио Балотели

Од:

Тимот на Л.А. Галакси се насочи кон напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, кој скоро сигурно ќе го напушти италијанскиот тим.

Италијанецот има постигнато пет гола на 19 натпревари оваа сезона, но сепак не успеа да му помогне на својот клуб да избегне испаѓање од Серија „А“.

Сепак, скандалите околу играчот продолжуваат и се чини дека поранешниот напаѓач на Интер и Милан е подготвен да ја напушти Ломбардија по само една сезона со тимот.

Според „Кориере дела Сера“, агентот на Балотели, Мино Рајола добил повик од Галакси, додека тимот сè уште чека на продолжување на сезоната во Америка.

Во исто време, тренерот на клубот од Лос Анџелес, Барос Скелото изјави за „Газета дело Спорт“ дека на клубот ќе му биде тешко да привлече уште еден напаѓач од Серија „А“ – Гонзало Игуаин.

– Кој не би го сакал тоа? Го сакам, но тешко е. Мислам дека ќе се врати во Ривер Плата, признава стратегот, што остава простор за привлекување на Балотели.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра