Квитова: Не можам да поверувам дека играв во финале

Од:

Чехињата Петра Квитова изјави дека е задоволна од настапот на Отвореното првенство на Австралија, иако загуби во спорот за титулата од Наоми Осака (Јапонија) со 6:7 (2), 7:5, 4:6.

По победата Осака ќе ја предводи светската ВТА листа.

– Не можам да верувам дека играв во финалето. Тоа беше прекрасно финале. Наоми игра многу добро, ја поздравувам за победата и за првото место на светската ранг-листа. Секогаш е задоволство да играм тука. Му благодарам на мојот штаб, кој ми помогна многу да останам позитивна, што не е секогаш е лесна задача, изјави двократната шампионка од „Вимблдон“ по мечот.

Според Квитова, женскиот тенис е многу рамноправен и непредвидлив и ја пофали својата противничка за играта во финалето.

– Навистина никогаш не знаеш кој ќе стигне до финалето. Но дефинитивно Осака одигра одлично. Таа е навистина голем играч, како што покажуваат и резултатите. Осака ги освои Отворените првенства на САД и Австралија – тоа е неверојатно достигнување, рече Квитова.

Од понеделник, таа ќе биде број два во светот, со што ќе го израмни личниот рекорд. Квитова беше на иста позиција на ранг листата во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Возњацки и Квитова си загарантираа место во финалниот турнир на ВТА