Куманово против Теодо брка пласман на „Фајнл фор“

Од:

Кошаркарите на Куманово вечерва од 19 часот на свој терен играат натпревар против црногорската екипа Теодо и со евентуална победа ќе го обезбедат своето место на звршниот турнир во регионалната БИБЛ лига.

На две кола до крајот на фазата „Топ 6“ македонскиот претставник се наоѓа на четвртата позиција на табелата со една победа повеќе во однос на екипата на Кавала (Грција), тим против кој кумановчани ќе играат во последното коло.

Во другиот денешен дуел ќе играат бугарските екипи Рилски Спортист и Левски.

Екипата на Галил Гилбоа и Кавала веќе го имаат одиграно својот натпревар од оваа рунда кој му припадна на израелскиот претставник со 94:75.

Табела: Галил Гилбоа 6-3 (победи-порази), Левски  6-2, Рилски Спортист 4-4, Куманово 4-4, Кавала 3-6 и Теодо 2-6.

Завршниот „Фајнал 4“ турнир ќе се одржи од 19-21 април, а местото и организаторот на овој настан ќе бидат дополнително одредени.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он