Куманово му гостува на Левски во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово во единствениот денешен натпревар од регионалната лига – БИБЛ ќе гостуваат во Софија кај бугарскиот претставник Левски.

Кумановчани на овој дуел кој ќе започне во 17 часот ќе настапат значително ослабени без повредените Ивица Димчевски и Урош Луковиќ.

Табела А група: Галил Гилбоа 4-2 (победи-порази), Куманово 4-2, Ѓуро Ѓаковиќ 2-4, Левски 3-1 и Морнар 1-5.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, тимот на Кожув, вчеравечер на домашен терен го победи Теодо и со учинок од четири победи и четири порази ја заврши групната фаза.

На другиот вчерашен натпревар од Б групата ОКК Београд – Кавала 85:76.

Табела Б група: Кожув 4-4 (победи-порази), Рилски Спортист 4-2, Теодо 4-2, Кавала 3-3, ОКК Београд 1-5.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он