Куманово ја победи Кавала

Од:

Домаќините и покрај предноста од девет поени која ја имаа по 30 минути игра, дозволија во последниот период грчкиот тим да фати резултатски приклучок и да се влезе во неизвесна завршница.

Кавала на осум секунди пред крајот стигна и на еден негатива (92:93), но немаше сили за целосен пресврт и победата му припадна на македонскиот претставник во ова натпреварување.

Предводници во победата на Куманово беа Ивица Димчевски со 23, Урош Луковиќ со 17 и Александар Костовски со 14 поени.

Вилијам Колемен со 26 поени беше најефикасен во Кавала, а воедно и на натпреварот.

Со оваа победа Куманово се искачи на првото место на табелата во фазата ТОП 6.

Другите две средби од 3.коло во оваа фаза ќе се одиграт на 6 и 7 март. Двојките се: Левски – Теодо и Рилски Спортист – Галил Гилбоа.

Табела: Куманово 4-3 (победи-порази), Левски 4-2, Кавала 3-4, Рилски Спортист 3-3, Галил Гилбоа 3-3 и Теодо 2-4.

ФОТО: Екипа.мк

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он