Куманово гостува во Кавала

Од:

Кошаркарите на Куманово последниот натпревар од групата „Најдобри 6“ во Балканската регионална лига ќе го одигра попладнево во Кавала против истоимената грчка екипа.

Кумановчани имаат голема шанса со победа да завршат со позитивен биланс во групата и со тоа сигурно да го освојат третото место.

Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 30 минути.

Покрај овој дуел денеска се игра и натпреварот Галил Гилбоа – Рилски Спортист.

Вчера,  Теодо на домашен терен загуби од Левски со 72:88, со што екипата од Софија го потврди првото место.

Табела: Левски 8-2 (победи-порази), Галил Гилбоа 6-3, Куманово 5-4, Рилски Спортист 4-5, Теодо 2-8, Кавала 3-6.

Познати и се и двојките за полуфиналето на заврпшниот турнир: Куманово – Галил Гилбоа и Левски – Рилски Спортист.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он