Куманово го освои четвртото место во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово својот дебитантски настап во регионалната кошаркарска БИБЛ лига го завршија како четврто пласирани.

По поразот од израелскиот Галил Гилбоа во полуфиналето, тие попладнево во мечот за третото место на „Фајнл фор“ турнирот во Самоков (Бугарија) загубија од домаќинот Рилски Спортист со 85:77 (по четвртини 22:23, 25:16, 16:20 и 22:18).

Најефикасен во редовите на нашиот претставник беше Урош Луковиќ со 23 поени, додека Ентони Ли постигна 22.

Вечерва од 19 часот и 45 минути ќе се одигра финалето меѓу Галил Гилбоа и Левски.

Израелскиот претставник Галил Гилбоа е бранител на шампионскиот трофеј.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он