Куманово домаќин на Државно првенство во мал фудбал за основни училишта

Од:

Четири екипи од основните училишта „Браќа Миладиновци“ Куманово,„Наим Фрашери“ Тетово,„Климент Охридски“ Облешево и „Александар Македонски“ Скопје, денеска учествуваат на државното првенство во мал фудбал кој се одржува во Куманово во спортската сала на училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“.

Првенството го организира на Федерацијата на училишен спорт и општинскиот училиштен спорт од Куманово.

– Овде учествуваат најдобрите четири екипи кои се квалификуваа пред неколку месеци од општините, од зоните, регионите. Тие денеска во Куманово ќе покажат што значи квалитет. Тие се спортска иднина за нашата држава, изјави претседателот на Федерацијата на училишен спорт во Македонија, Александар Туфекчиевски.

Тој нагласи дека Куманово е домаќин кој нуди исклучителна поддршка за сите државни натпревари кои се организираат на подрачјето на општина.

Претседателот на општинскиот училишен спорт,Ивица Ѓорѓиевски истакна дека државните првенства за прв пат се одржуваат со четири екипи. Првопласираните три екипи ќе добијат пехар и медали, а ќе има награди и за фер плеј екипа, најдобар играч и најдобар стрелец. Четири играчи од екипата што е првопласирана и по двајца играчи од останатите екипи ќе имаат можност да одат на спортскиот камп кој се одржува во Охрид.

Тренерот и професор од училиштето-домаќин на првенството „Браќа Миладиновци“, Миле Јордановски изјави дека станува збор за многу силна конкуренција и дека се дојдени најдобрите и најквалитетните екипи од државата.

Првенството го прогласи за отворено градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој посочи дека Куманово поради добрата спортска инфраструктура често е домаќин на државни првенства и дека ќе продолжи со тој тренд и во иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Почна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2019“

Ана Ололовска

Заврши турнирот во мал фудбал, победник екипата од Бучин

Завршни натпревари на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Почна традиционалниот турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Екипата на „Марфил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Ана Ололовска