Кумановци се пласираа во завршниот турнир во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа црногорската екипа Теодо и си обезбедија место на завршниот турнир во регионалната БИБЛ лига.

По Работнички и Фени индустри, Куманово стана третиот македонски тим кој што обезбеди пласман помеѓу четирите најдобри екипи од Еврохолд Балканската лига.

Кошаркарите на Куманово го совладаа црногорскиот Тедо со 96:90 и обезбедија недостижна предност пред грчкиот конкурент Кавала.

Тие во борбата за трофејот ќе се борат против бугарските екипи Левски или Рилски спортист или пак со израелскиот Галил Гилбоа.

Во домашниот тим најефикасен беше Американецот Ентони Ли со 23 поени и 12 скока, но одлична партија одиграа и Урош Луковиќ кој постигна 18 поени и 12 скока и Александар Костовски со 18 поени и шест асистенции.

Завршниот „Фајнал 4“ турнир ќе се одржи од 19-21 април, а кумановци се главни фаворити и за организацијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ