Екипата на Макпетрол со победата на гостински терен над екипата на 18 Август Адинг, без ниту еден изгубен бод во досегашниот тек на првенството, и официјално ја одбрани шампионската титула во Првата македонска кугларска лига.
Овој натпревар за врши со резултат 2:6, со резултат на вкупно соборени дрва од 3060 наспроти 3279.
Во дербито на 11.коло, во дуел на екипите кои претендираат за вице шампионската позиција Вардар 2014 го победи ГТЦ со 6:2.
И третиот завршен дуел од оваа рунда е со исход 6:2. Империјал Тобако ги освои бодовите на средбата со Хераклеа.
Последниот натпревар од 11-то коло помеѓу екипите на Работнички и Македонија ќе се одигра во вторник во кугланата Мусандра во ГТЦ со почеток во 17 часот.