Кросиг изедначи во финалето со Вигор

Од:

Кошаркарките на Кросиг со победа над актуелниот шампион на домашен терен во уште еден тврд натпревар со малку поени, ја задржаа неизвесноста во финалната серија од плеј-офот изедначувајќи го резултатот на 1-1 во победи.

Кристина Семереди со одлична игра во завршницата од натпреварот беше носител на победата на Кросиг од 50:45 на натпреварот одигран вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“.

Ниту една од двете екипи во ниту еден момент не успеа да стигне до двоцифрена разлика, а во решавачките моменти од натпреварот, Кросиг ја имаше Кристина Семереди која ја превзема одговорноста и со неколку прецизни шутеви донесе победа за својата екипа.

Таа го заврши натпреварот со 24 поени, 6 скокови и 2 украдени топки како најдобар поединец, а меѓу поистакнатите во победничката екипа беа и Елена Раденковиќ со 14 поени и 8 скокови и Ана Живковиќ со 9 поени, 7 скокови, 2 украдени топки и по 3 блокади и асистенции.

Кај Вигор, Славица Димовска и Александра Стојановска беа најдобри со искомбинирани 22 поени и 15 скокови. Сања Раденковиќ постигна 10, сите во првото полувреме од мечот.

Следниот меч од финалната серија до три победи се игра в сабота, а домаќин ќе биде Вигор. До крајот на серијата ќе се одиграат најмалку уште две средби, а доколку е потребна и мајсторка.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он