Крај на маратонот: Ѓоковиќ – Вавринка 1:6, 7:5, 6:4, 6:7, 12:10!

Од:

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралијан Опен со победата на Станислас Вавринка со резултат 1:6, 7:5, 6:4, 6:7 (5:7), 12:10. Маратонскиот меч траеше пет часа и две минути.

Ѓоковиќ многу се мачеше против Вавринка, но во одлучувачките моменти беше подобар. За прв пат во кариерата го играше петтиот сет на разлика и го доби по последниот 22. гем кој траеше повеќе од десет минути.vavrinka

Во текот на целиот меч имаше многу пресврти. Швајцарецот наоѓаѓе решенија за играта на Новак се до 5-от сет, кога Србинот имаше повеќе прилики, но ги искористи дури по 104 минути игра во тој сет.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против чешкиот тенисер Томаш Бердих, кој беше подобар од Кевин Андерсон.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех