Кошарарскиот клуб Раднички е подготвен да го организира завршниот турнир на АБА лигата без разлика на пласманот на овој тим на табелата.
Претседателот на Раднички од Крагујевац, Иван Грујин најави дека градот и салата „Језеро“ би сакал да бидат домаќини на завршниот турнир во Јадранската кошаркарска лига.
„На мечот со Цибона во салата беше Роман Лисац и ние му соопштивме дека би сакале да бидеме организатори на фајнал фор турнирот” изјави Грујин.
Сепак челниците на АБА лигата би сакале завршницата да се игра не неутрален терен, но во Крагуевац се спремни да дадат пари за организација, дури и ако Раднички не се пласира на Фајнл форот.
Крагујевац беше домаќин на завршницата од кошаркарскиот куп на Србија, а овој турнир ќе остане запаметен по прекинот на финалето меѓу Црвена Звезда и Партизан, но во клубот сметаат дека тоа нема да биде пречка да се организира фајнал фор во Јадранската лига.