Кожув добитник на Фер-плеј наградата во БИБЛ

Од:

Поради одличната организација на натпреварите, односот кон гостинските екипи, судиите и претставниците на лигата, овогодинешната награда за фер-плеј во БИБЛ, ќе ја добие македонскиот претставник Кожув од Гевгелија.

Ова вест му ја соопштил Шај Штрикс, спортскиот директор на Балканската регионална кошаркарска лига на претседателот на Кожув, Томе Главчев.

– Би сакал лично да ви се заблагодарам за одличните кошаркарски настапи на вашиот клуб, за одличното домаќинство и прекрасниот однос кон сите нас, претставниците од БИБЛ, судиите и гостинските екипи. Сакам да се заблагодарам на сите членови на вашиот клуб, тренерите, менаџментот и сите останати и верувам дека настапите во оваа за вас прва сезона во Балканската лига, ќе ви помогнат во подигнување на квалитетот и собирање на меѓународно искуство за во иднина, стои во дописот од Штрикс.

Првиот човек на БИБЛ упати пофалби и до навивачите на Кожув кои постојано беа присутни на натпреварите во Гевгелија и даваа огромна поддршка на нивниот миленик, но истовремено покажувајќи голема почит и кон гостинските екипи.

Од БИБЛ очекуваат Кожув и следната сезона да настапува во ова натпреварување.

– Се надевам дека повторно ќе ве видиме во лигата и наредната сезона и се надевам дека Кожув ќе биде дел од „Фајнл Фор“ турнирот во таа следна сезона, стои во дел од дописот на Штрикс до Главчев.

Шај Штрикс му достави и официјална покана на Главчев за присуство на овогодинешниот „Фанјл Фор“ турнир во лигата кој ќе се игра од 19 до 21 април, информирајќи дека за време на турнирот, ќе му биде доделено признанието за Фер-плеј на тимот на Кожув.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он