Кожуф со победа стартуваше во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожуф со победа го започнаа својот настап во новата сезона на регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Во натпреварот одигран попладнево во Гевгелија, избраниците на Марјан Србиновски го совладаа косовскиот тим Пеќ со 84:79 по четвртини 26:24, 16:20, 24:16 и 18:19.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Караџовски со 18 постигнати поени, додека Божовиќ и Пековиќ придодадоа по 17 односно 16 поени.

Инаку шестата сезона во БИБЛ лигата ја отворија Теодо од Црна Гора и бугарската екипа Балкан со натпреварот по кој на победа се радуваа домашните кошаркари со 76:71.

Вториот македонски претставник, екипата на Куманово, утре пред својата публика од 17.30 часот ќе го пречека косовскиот тим Сигал Приштина.

Колото ќе биде комплетирано во четврток со дуелот Крајова – Левски.

Актуелниот шампион во оваа лига, израелскиот Галил Гилбоа, е слободен во оваа рунда. 

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ