Кошаркарските суперлигаши го играат 5. коло

Од:

Трите натпревари од 5. коло од Супер лигата ќе се одиграат вечерва. Шампионот МЗТ Скопје ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и во СЦ „Борис Трјковски“ ќе ја пречека Фени Индустри, екипа која ја совлада во полуфиналето на Купот на Македонија.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Во истиот термин во Куманово истоимената екипа го пречекува Работнички. Кумановчани се единствената екипа без победа во Супер лигата. Третиот дуел се игра во Сарај, каде Лирија е домаќин на Кожув. Почетокот на овој натпревар е во 18:30 часот.

Табела: МЗТ Скопје 4-0 (победи-порази), Работнички 3-1, Фени Индустри 2-3, Кожув 2-2, Лирија 1-3, Куманово 0-4.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он