Кошаркарскиот судија Марјан Мицевски и официјално стави крај на својата судиска кариера.
Во 50-тата секунда од дуелот меѓу Македонија и БиХ претпоследен на турнирот „Трофеј Македонија“ кошаркарскиот на Мицевски му беше врачена благодарница од Македонската кошаркарска федерација за неговиот ангажман во изминатите 27 години.
Арбитерот ја почна кариерата во далечната 1990 година, а заминува во пензија на 50 години, како еден од најдоследните делители на правдата на кошаркарските терени не само кај нас туку и на меѓународната сцена.
Зад него се повеќе илјади натпревари во сите возрасни категории и рангови на натпреварување, меѓу кои голем број се тие што го решаваа прашањето за титулите.