Кошаркарски маратон „Дај пас-победа за нас“ во Крива Паланка

Од:

Во спортската сала „Петра Поп Арсов“, Крива Паланка денес се одржа кошаркарски маратон во рамки на второто коло на кошаркарската мини-баскет лига „Дај пас-победа за нас“ во организација на КК „Крива Паланка“.

Се одиграа пет натпревари со екипи во машка, женка конкуренција и мешани тимови, на дечиња од седум до 12 години, членови на клубот.

– Во мини-баскет лигата овозможена со грант од локалната самоуправа на општина Крива Паланка инволвирани се околу осумдесетина дечиња, а лигата формирана во февруари годинава има за цел оформување навики за спорт, спортски активности и редовна физичка активност, како воннаставна активност која ги зајакнува, физички и ментално, дечињата. Целта е да се поттикнат децата од најмала возраст активно да се вклучат во спорт и спортски активности, да научат правила на здрав живот, хигиена на исхрана, здрава исхрана и градење на здрави животни навики, со што ќе се создадат здрави единки способни да допринесат за развој на заедницата, изјави Ведран Белешковски, претседател на КК „Крива Паланка“.

Посочи дека оваа мини –баскет лига би била зачеток на активност, која пред се преку дружење, колективен спорт и позитивна енергија ќе ги заинтригира и насочи децата во областа на спортот, како неразделна активност неопходна за правилен раст и развој.

– Главна цел на проектот е што поголем млади кои не се физички активни да ги надминат секојдневните, се почести рутини на летаргија, мрзоволност и поминување поголем период од денот со технолошки уреди- преку активна вклученост во спорт, спротски активности, тренинзи и натпревари, додава Белешковски.

Инаку, екипата кадетки на КК „Крива Паланка“ е актуелен вицешампион на Македонија, а три девојчиња од клубот, Михаела Алексовска, Ана Ангеловска и Ксенија Петревска се селектирани репрезентативки до 14 години и заедно со тренерот- помошен селектор во М-14, Белешковски, се дел од проектот – „Заедно до У-16“ кој под генерално партнерство со ФИБА Македонска кошаркарска федерација го имплементира со националните кошаркарски куќи на Турција, Романија, Бугарија и Косово од друга страна како партнерски земји.

Активнсотите од проектот почнуваат следнито викенд, 15 јуни, со камп на Маврово, каде 12 тренери од Македонија со ментор-тренер од Европа ќе работат една недела на усовршување на вештините на вкупно триесет кошаркарки и кошаркари од државата до 16 години.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ