Кошаркарките убедливо до финалето на ЕП за мали земји

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија на убедлив начин оствари пласман во финалето на Европското првенство за мали земји кое се одржува во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Ова е епилогот по денешното полуфинале во кое македонските кошаркарки ја победија Шкотска со 80:61 (по четвртини 23:22; 25:9; 13:18 и 19:12).

Најефикасни во македонската репрезентација беа Славица Димовска со 18 поени, Моника Гавриловска постигна 17, а Ана Тантуровска даде 16 поени.

За Македонија ова беше четврта победа на првенството во исто толку натпревари, откако во групната фаза избраничките на селекторот Лидија Милкова ги совладаа Гибралтар, Австрија и Велс.

Кој ќе биде противникот на „црвено-жолтите“ во утрешното финале ќе се знае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел меѓу Малта и Австрија.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он