Женската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Израел, каде од петок до недела ќе настапи на претквалификациите за Европското првенство 2015 година. „Д“ групата во Израел ќе се игра во градот Рамла, а покрај Македонија, се уште и селекциите на Германија, Португалија и Израел.
По неколку дневните подготовки селекторот Горан Јованович се реши за следниве кошаркарки да го носат дресот на Македонија: Моника Гаврилоска, Славица Димовска, Елена Раденковиќ, Криси Гивенс, Александра Иванова, Софија Лазареска, Драгана Јоловиќ, Ива Крстевска, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Ивана Удовалиева и Анџелика Митрашиновиќ.
Поради повреди откажаа Јелена Антиќ, Едина Муса и Ема Решкоска, а поради школски обврски не можат да настапат Александра Стојановска, Ивана Кметовска и Нена Трајчевска.
Македонија во петок ќе игра против Португалија, во сабота противник ни е домаќинот Израел, а во недела фаворитот во групата Германија. Според селекторот Јованович, Германија е фаворит во групата поради добрите игри на последното ЕП, Португалија е селекција која има агресивен стил, додека Израел сака да ја искористи организацијата и да го освои првото место.