Кошаркарите убедливо поразени од Русија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од Русија со 80:61 во првиот од двата пријателски натпревари на мини-турнејата во Литванија.

Попладнево во Каунас избраниците на Марјан Лазовски се држеа одлично по првите две четвртини, а на полувремето имаа предност од пет поени (35:30).

Сепак, подмладениот состав на „црвено-жолтите“, кои за Литванија заминаа без капитенот Антиќ и искусниот Гечевски, кои добија продолжен одмор, како и без претходно отсутните Илиевски (поради повреда) и Мекејлеб (клупски обврски), во вториот дел паднаа со темпото, губејќи ги третиот и четвртиот период со 14:26, односно 12:24, за на крајот убедливо да загубат со 19 поени разлика.

За два дена кошаркарите ќе го одиграат вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за квалификацискиот турнир во Каракас за ЛОИ во Лондон, против домаќинот Литванија.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос