Кошаркарската репрезентација на Македонија доби релативно лесна група во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Покрај Словачка, за ривали ги доби селекциите на Данска и на Норвешка. Досега кошаркарите немале дуели во сениорска конкуренција со овие противници.
Пласман во квалификациите ќе обезбеди само првопласираната екипа од групата, а Македонија ако се поггледне квалитетот на ривалите има убава шанса да ја оствари целта.
Првите претквалификациски мечеви ќе се одиграат во август, а следните два циклуси ќе бидат во ноември оваа година и во февруари следната година.
ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025
Група Д: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Данска, Норвешка
Група Е: Полска, Швајцарија, Австрија, Хрватска
Група Ф: Кипар, Романија, Португалија, Бугарија
Извор: Топспорт