Кошаркрската репрезентација на Македонија пристигна во Каракас каде од понеделник ги започнува квалификациите за настап на ЛОИ во Лондон.
Во понеделник од 23:30 по македонско време се среќаваме со Ангола втората средба против Нов Зеланд ќе се игра на трети јули од 20.00 часот. Кошаркарите се последната надеж на Макеоднија да испрати побројна делегација ОИ.
Натпреварите во Каракас ќе се играат во „Полиедро де Каракас“ арената која е со капацитет од 13.000 места за седење, кој варира во однос на настанот кој се одржува во неа.
Овој е првиот поголем меѓународен настан организиран „Полиедро“ арената, која беше реновирана и модернизирана во пресрет на турнирот. Влезниците за натпреварите од предолимпискиот турнир се продаваат по цени до 18 долари, а организаторот очекува голем одѕив и полни трибини на секој од шесте натпреварувачки дена.