Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од Скопје отпатува за Словенија, каде в среда ќе го почне настапот на Евробаскетот 2013 година.
Репрезентацијата ќе слета во Љубљана околу 17 часот и 30 минути, а потоа со автобус ќе отпатува за Крањска Гора каде што ќе биде сместена за време на одигрувањето на првата групна фаза.
Крањска Гора се наоѓа на 20-тина километри од Јесенице, местото каде што македонските кошаркари ќе ги играат натпреварите во рамки на Групата Б.
За утре репрезентативците имаат предвидено два тренинзи, а уште еден дополнителен ќе имаат и во утринските часови во среда, на денот на одигрувањето на првиот натпревар против Црна Гора.