Кошаркарите на Работнички и на Вардар ќе играат во јуниорското финале

Од:

Младите кошаркари на Работнички и на Вардар ќе играат во јуниорското финале. Во полуфиналните натпревари на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 18 години кој се одржува во СРЦ „Кале“, екипите на Работнички и Вардар беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи.

Во првиот полуфинален меч, Работнички го совлада градскиот ривал МЗТ Скопје со 95:60. Во второто полуфинале, Вардар го победи Шкупи со 88-80.

Денеска од 17:30 часот МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Работнички и Вардар ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула.

И во наредните пет дена ќе се играат и завршниците останатите младински категории.

Во среда и четврток (7 и 8 јуни) ќе се игра турнирот во конкуренцијата М-14 односно за играчи родени 2003-та и помлади. За шампионската титула ќе се борат Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 – Вардар. Овие натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Полуфиналните двојки во генерацијата М-16 (кошаркари 2001 и помлади) ги сочинуваат, Феникс 2010 – Партизан Воднос Санс 2 и Вардар – Партизан Воднос Санс 1. Натпреварите во оваа годишна возраст ќе се играат во петок и сабота (9 и 10 јуни) во СРЦ „Кале“.

Неделата на мак-баскетот ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е закажан за викендот (10 и 11 јуни).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ