Младите кошаркари на Феникс 2010 и Партизан Водно Санс ќе играат во финалето од завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 14 години кој се одржува во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Во првиот полуфинален меч вчера, Феникс убедливо го победи Вардар 96:48, додека во второто полуфинале, Водно Санс го совладаа МЗТ Скопје Аеродром со 78:68.
Денеска од 17:30 часот Вардар и МЗТ Скопје Аеродром ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Феникс и Водно Санс ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула.
Последниот турнир во младинската машка конкуренција ќе се игра утре и в сабота (9 и 10 јуни) во СРЦ „Кале“. Полуфиналните двојки во генерацијата М-16 (кошаркари 2001 и помлади) ги сочинуваат, Феникс 2010 – Партизан Воднос Санс 2 и Вардар – Партизан Водно Санс 1.
Неделата на мак-баскетот ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е закажан за викендот (10 и 11 јуни).