Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) денеска отпатува за Софија каде од утре ќе ги почне натпреварите на Европското првенство Б дивизија. На шампионатот во Софија селекторот Горан Ѓорѓиевски повика 12 кошаркари: Ангел Јанев, Дарио Митевски, Марко Миловановиќ, Адриан Наумоски, Дамјан Бошковски, Виктор Исајлоски, Кире Блажевски, Никола Орлов, Лука Наумовски, Андреј Јакимовски, Никола Кацарски, Никола Христов.
Покрај Ѓорѓиевски во стручниот штаб се уште: Горан Даниловски и Никола Божиновски.
Македонија утре во првото коло игра против Грузија, додека во нашата група се уште селекциите на: Косово, Велика Британија, Португалија и Луксембург.
Синоќа оваа селекција одигра контролен дуел со Шведска во Маврово и загуби со 86:79. Најефикасни беа: Дамјан Бошковски со 20 поени и Марко Миловановиќ со 17.