Кошаркарската репрезентација на Македонија синоќа во Славонски Брод ја оствари првата победа на подготовките пред Европското првенство во Словенија. Совладан беше домаќинот Хрватска со 78:74 (15-18, 22-24, 18-14, 23-18).
Ова е прв триумф и за новиот селектор на нашата репрезентација Алеш Пипан. Тој на овој натпревар на располагање го имаше Лестер Бо Мек Кејлеб, но не настапи Перо Антиќ иако со репрезентацијата е од понеделникот.
Првото полувреме им припадна на домаќините, кои имаа и предност на паузата, но сепак во вториот дел Македонија со поквалитетна игра успеа во неизвесна завршница да дојде до победата.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Војдан Стојановски со 18 поени и Мек Келјеб со 16, додека кај Хрватска Анте Томиќ и Бојан Богдановиќ.
Во првиот дел повреда на мускулот во нашиот состав заработи Предраг Самарџиски, но првичните проценки се дека не е сериозна.
Македонија и Хрватска денеска од 16 часот во Загреб ќе одиграат уште еден натпревар. Овој наптревар ќе биде од затворен тип.