Кошаркарите го играат 8. коло во Суперлигата

Од:

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија вечерва ќе бидат одиграни натпреварите од 8.коло.

Во првата средба која ќе почне од 18 часот и 30 минути во Сарај кај Лирија гостува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Половина час подоцна, во Гевгелија ќе почне натпреварот  Кожув – Куманово. Ова воедно е дуел на двете екипи кои ја претставуваа Македонија во БИБЛ Лигата.

Во истиот термин (19 часот) закажан е почетокот и на натпреварот во Скопје, меѓу Работнички и Фени Индустри тимови кои се борат за место во плеј-офот.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 6-1 (победи-порази), Кожув 5-2, Работнички 4-3, Фени Индустри 3-4, Куманово 2-5 и Лирија 1-6.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он