Кошаркарите ја почнуват историската спортска битка

Од:

Најдобрите македонски кошаркари ја почнуват историската спортска битка за пласман на Олимписките игри во Лондон 2012. Подготвителниот период на кошаркарите за кој Македонски олимписки комитет обезбеди 40.000 американски долари, помина според зацртаниот план и без разлика на резултатскиот дел, формата на нашите кошаркари е во нагорна линија.

Според МОК, македонските кошаркари својот прв натпревар го играт против Ангола, а вториот против Нов Зеланд. По оваа фаза ќе добијат уште два натпревара за пласман на Олимписките игри во Лондон.

На турнирот ќе настапат 12 репрезентации од целиот свет, а најдобрите три ќе изборат пласман на ОИ во Лондон.

На квалификацискиот олимписки турнир во Венецуела ќе настапат екипите на Македонија, Грција, Литванија, Русија (Европа), Ангола, Нигерија (Африка), Јордан, Кореја (Азија), Нов Зеланд (Океанија), Порторико, Доминиканска Република и домаќинот Венецуела (Америка).

Учество на ОИ во Лондон веќе обезбедија САД, Шпанија, Франција, Аргенина, Кина, Тунис, Бразил, Австралија и домаќинот Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он