Кошарка – Прва лига: Победи за Работнички и Кожув

Од:

Екипите на Работнички и на Кожув синоќа остварија победи на првите натпревари од 11.коло од Првата лига во кошарка.

Во Гевгелија лидерот на табелата Кожув го победи Вардар со 82:60, додека во салата „Градски парк“ во Скопје, Работнички беше убедлив против последнопласираниот Пелистер Спорт и оствари победа од 108:59.

Денеска се играат преостанатите два натпревара од оваа рунда.

Во Кавадарци е дербито меѓу Фени Индустри и Куманово, додека Лирија ја пречекува Струмица.

Табела: Кожув 20 бодови, Лирија 17, Фени Индустри 17, Куманово 16, Работнички 16, Струмица 15, Вардар 13 и Пелистер Спорт 12.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он