Констанца по втора победа во ракометната Лига на шампионите

Од:

Ракометарите на романскиот првак Констанца вечерва ќе се обидат да ја постигнат втората победа во групната фаза од Лигата на шампионите. Тимот предводен од македонскиот селектор Звонко Шундовски и македонскиот репрезентативец Бранислав Ангеловски ја пречекува екипата на Савехоф од Шведска.

Ова е еден од трите натпревари кои се играат вечерва од 7.коло.

Преглед на двојките од 7.коло и пласман на табелите:

А група: Партизан – Чеховски Медведи, Хамбург – Адемар (денес) и Монпеље – Фленсбург (недела).
Табела: Чеховски Медведи 9 бодови, Хамбург 9, Фленсбург 8, Монпеље 5, Адемар 4, Партизан 2.

Б група: Констанца – Савехоф (денес), Цеље – Веспрем (сабота) и Кил – Атлетико Мадрид (недела).
Табела: Веспрем 12, Кил 8, Атлетико Мадрид 6, Савехоф 4, Цеље 4, Констанца 2.

Ц група: Металург – Шамбери, Санкт Петербург – Горење (сабота) и Силкеборг – Киелце (недела).
Табела: Киелце 12, Горење 8, Металург 8, Силкеборг 6, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.

Д група: Барселона – Кадетен Шафхаузен, Пик Сегед – Загреб КО (сабота) и Динамо Минск – Берлин (недела).
Табела: Барселона 12, Берлин 10, Динамо Минск 7, Загреб КО 3, Пик Сегед 2 и Кадетен Шафхаузен 2.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он