Констанца не успеа да избори за пласман во ТОП 16 од ЛШ

Од:

Романскиот шампион Констанца по синоќешниот пораз од Кил 25:28 во Букурешт во последното коло од групната фаза од ракометната Лига на шампиони не успеа избори пласман во ТОП 16.

Иако и пред натпреварот шансите беа мали, сепак тимот на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски не успеа да слави победа над европскиот шампион Кил. Ангеловски натпреварот го заврши со еден постигнат гол.

Вечерва се играат три натпревари од 10.коло: Чеховски Медведи – Флензбург (А група), Савехоф – Цеље (Б група) и Динамо Минск – Барселона (Д група).

Другите дуели од последната рунда се играат во текот на викендот.

А група: Адемар Леон – Партизан и Хамбург – Монпеље (сабота).
Табела: Хамбург 14 бодови, Флензбург 14, Чеховски Медведи 13, Монпеље 6, Адемар 5, Партизан 2.

Б група: Веспрем – Атлетико Мадрид (сабота).
Табела: Веспрем 16, Кил 16, Атлетико Мадрид 10, Цеље 6, Констанца 4, Савехоф 4.

Ц група: Горење – Килце (сабота), Металург – Силкеборг и Шамбери – Санкт Петербург (недела).
Табела: Килце 18, Металург 12, Горење 12, Силкеборг 8, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

Д група: Загреб КО – Кадетен Шафхаузен и Берлин – ПИК Сегед (сабота).
Табела: Барселона 16, Берлин 14, Динамо Минск 11, ПИК Сегед 6, Кадетен Шафхаузен 4, Загреб КО 3.

Досега 13 екипи имаат обезбедно место во ТОП 16 фазата, а меѓу нив е и македонскиот шампион Металург, кој се бори за второто место во групата Ц.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он