Конор Мекгрегор се предаде на полицијата

Од:

Суперѕвездата на ММА, Конор Мекгрегор се предал на полицијата откако скршил стакло на автобусот на противникот Хабиб Нурмагомедов во „Барклис центар“ во Бруклин, Њујорк. Против Ирецот моментално не се покренати обвиненија, иако беше распишана потерница порано во текот на денот, а полицијата најавува истрага, информира „ЈуЕсЕј Тудеј“.

Во социјалните мрежи се појави видео на Мекгрегор, кој фрла предмети по автобусот, каде бил Нурмагомедов и други ММА борци пред „УФЦ 223“. Во друштво на Конор биле уште десетина негови колеги, а како резултат на нападот, двајца се посериозно повредени – Мајкл Киеза и Реј Борг кои имаат исекотини по лицата и нивните средби се откажани.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт пак го извади спаринг партнерот на Мекгрегор – Артем Лобов од учество во „УФЦ 223“ (на 7 април) за неговото учество во инцидентот и побрза јавно да го осуди нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

Кoнор Мек Грегор е обвинет за силување: Нападна жена во тоалет за време на финалето на НБА

Горан Наумовски