Ирската ММА sвезда, Конор Мекгрегор веќе е под истрага на руските обвинители под обвинение за расизам.
Членот на Јавната комора Султан Хазаев призна дека поднел тужба за кршење на законската регулатива на Руската Федерација.
– Тој упати расистички навреди и забелешки кон луѓето од Дагестан. Ова е манифестација на расизам што не можеме да го толерираме, рече Хазаев.
Потсетуваме дека Мекгрегор рече кога беше запрашан дали ќе го посети Дагестан дека ова е место каде што нема да оди, дури и ако треба итно да оди во тоалет.