Меѓународниот олимписки комитет покрена конкурс со кој млади дизајнери може да се впишат во историјата на олимпиското движење со дизајнирање медали за Вторите Зимски олимписки играи на млади што ќе се одржат од 12 до 21 февруари 2016 година во Лилехамер.
Сите заинтересирани може да ги испратат своите предлози до 1 јуни 2015 година на www.medaldesigncompetition.com.
Од 3 до 17 јуни жири составен од млади амбасадори и млади репортери кои учествуваа на претходните Олимписки игри за млади ќе оценуваат предлозите. Победникот на конкурсот ќе биде познат до крајот на јуни 2015 година.