Комплетирано првото коло од „ТОП 16“ во Евролигата

Од:

Во кошаркарската Евролига синоќа се доиграа три натпревари со кои заврши 1.коло од фазата „ТОП 16“. Победи на овие дуели остварија домашните екипи.

Во единствениот натпревар од Ф групата, Барселона убедливо со 100:78 го победи Фенербахче Улкер, а во поразениот тим настапи Лестер Бо Мекејлеб кој постигна само два поени.

На натпревари од оваа група одиграни во четвртокот: Бешикташ – Химки 75:80,  Монтепаски – Макаби 79:69 и Каха Лаборал – Олимпијакос 82:74.

Постигнати резултати на натпреварите од Е групата: ЦСКА Москва – Анадолу Ефес 90:71 и Панатинаикос – Жалгирис 67:66.

Во четвртокот во оваа група играа: Алба Берлин – Реал Мадрид 63:77 и Уникаха Малага – Бросе Баскетс 85:82.

Следното (второ) коло се игра веднаш по новогодишните празници на 3 и 4 јануари.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он