На „Австралија Опен“ со денешните мечеви беше комплетирано осминафиналето и во женска конкуренција. Викторија Азаренка со 2:0 во сетови ја победи Барбара Стрицова и се избори за четвртфиналето каде ќе игра против Германката Анжелик Кербер, која беше поусшена од сонародничката Аника Бек препуштајќи и само четири гема (6:4 и 6:0).
Другите два меча се играа три сета: Џоана Конта ја победи со 2:1 во сетови Екатерина Макарова, додека Шуаи Жанг ја совлада Медисон Кејс со истиот резултат.
Во четвртфиналето кај жените ќе играат: Азаренка – Кербер, Конта – Жанг, Агнешка Радванска – Карла Суарез Наваро и Серена Вилијамс – Марија Шарапова.
Вечерва по полноќ ќе се играат два четвртфинални дуели кај жените: Радванска – Суарез Наваро, Серена Вилијамс – Шарапова, додека на програмата се и два меч од машкото четвртфинале: Рожер Федерер – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Кеи Нишикори.