Комплетирано 7. коло од ТОП 16 во Евролигата

Од:

Монтепаски Сиена ја победи Каха Лаборал со резултат 85:74 во последниот натпревар од 7.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата.

На другите два вчерашни дуели Химки – Олимпијакос 82:87 и Фенербахче – Бешикташ 78:72.

Македонските репрезентативци Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб имаа сличен удел во победата на своите екипи. Антиќ одигра 27.минути и постигнаа 11 поени за Олимпијакос, додека Мекејлеб за 26.минути реализира 10 поени за Фенербахче Улкер.

Резултати на другите натпревари од ова коло: Бросе Баскетс – Жалгирис 87:88, Макаби – Барселона 77:82, Алба Берлин – Уникаха Малага 65:67, ЦСКА Москва – Панатинаикос 86:69 и Анадолу Ефес – Реал Мадрид 74:72.

Табела Е група: Реал Мадрид 6-1 (победи-порази), Анадолу Ефес 6-1, ЦСКА Москва 5-2, Панатинаикос 4-3, Жалгирис 3-4, Уникаха 3-4, Алба Берлин 1-6 и Бросе Баскетс 0-7.

Табела Ф група: Барселона 6-1, Монтепаски Сиена 6-1, Химки 4-3, Каха Лаборал 4-3, Олимпијакос 4-3, Макаби 2-5, Фенербахче Улкер 2-5 и Бешикташ 0-7.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он