Комплетирано 10.коло во АБА лигата

Од:

Победи од по три поени разлика остварија домашните екипи на синоќешните два натпревара во кошаркарската регионална АБА лига со кои беше комплетирано 10.коло.

Постигнати се овие резултати: Партизан – Цедевита 58:55 и Крка – Олимпија 79:76.

Македонскиот шампион во ова коло во саботата го победи Задар на гостински терен и се наоѓа на 8.та позиција на табелата со ист број на бодови колку и две екипи пред него.

Резултати на саботните натпревари: Задар – МЗТ Скопје Аеродром 68:76, Шолнок – Игокеа 78:82, Цибона – Црвена Ѕвезда 63:71, Будуќност – Раднички 80:78 и Широки – Сплит 101:64.

Табела: Игокеа 8-2 (победи – порази), Партизан 8-2, Црвена Ѕвезда 6-4, Будуќност 6-4, Цедевита 6-4, Раднички 5-5, Крка 5-5, МЗТ Скопје 5-5, Унион Олимпија 4-6, Широки 4-6, Цибона 4-6, Сплит 4-6, Задар 3-7 и Шолнок 2-8.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он