Денеска е првиот слободен ден за сите репрезентации што останаа да се натпреваруваат на мундијалот 2025.
Спуштена е завесата во Вараждин и Хернинг. Утре ќе биде последниот ден во Пореч, а двете арени во кои ќе се играат мундијалски натпревари до крајот на СП се загрепската арена и арената во Осло.
Елиминациски натпревари од 1/8 финале е веројатно најголемиот недостаток за овој систем по кој се игра Светското првенство. Такви нема, од главна рунда, осумте најдобри вкрстуваат во 1/4 финале.
Утре во Загреб почнуваат 1/4 финалните пресметки, ден подоцна ќе се игра во Осло.
Утре се на програмата и последните натпревари за пласман во Президент Куп.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
28. Јануари – Загреб (1/4 финале)
18:00 ХРВАТСКА – УНГАРИЈА
21:00 ФРАНЦИЈА – ЕГИПЕТ
29. Јануари – Осло (1/4 финале)
17:30 ДАНСКА – БРАЗИЛ
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА
Конечен пласман:
9. Исланд
10. Норвешка
11. Швајцарија
12. Холандија
13. Словенија
14. Шведска
15. Македонија
16. Италија
17. Австрија
18. Шпанија
19. Чешка
20. Аргентина
21. Катар
22. Тунис
23. Капе Верде
24. Чиле
25/26. Полска/САД
27/28. Кувајт/Јапонија
29/30. Алжир/Бахреин
31/32. Куба – Гвинеја