Комплетирани осминафиналните двојки на ракометниот Мундијал

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групите Ц и Д, комплетирани се сите осум пара за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција.

На средбите одиграни вчера беа постигнати следните резултати по што е познат и конечниот изглед на табелите:

Ц група: Чиле – Саудиска Арабија 25-26, Германија – Хрватска 28-21 и Белорусија – Унгарија 27-25.

Табела: Германија 10 бодови, Хрватска 8, Белорусија 4, Унгарија 4, Саудиска Арабија 2 и Чиле 2.

Д група: Бахреин – Аргентина 17-26, Шведска – Египет 33-26 и
Катар – Данска 29-32.

Табела: Данска 10, Шведска 8, Египет 6, Катар 4, Аргентина 2 и Бахреин 0.

Нокаут рундата, односно осминафиналето, ќе го отворат Македонија и Норвешка со средбата која ќе се игра во Албервил, попладнево од 16 часот.

Денеска на Мундијалот се уште три средби: Франција – Исланд (сабота 18 часот), Словенија – Русија и Шпанија – Бразил (20:45 часот).

Двојките за во недела се: Белорусија – Шведска (16 часот), Унгарија – Данска (16 часот), Германија – Катар (18 часот) и Хрватска – Египет.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски