Одлуката на управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата према сите Скопјани, Вардарци, Комити, не смее да биде премолчен, велат од навивачката група на Вардар, Комити.
Тие ги повикуваат сите вардарци и комити да не купуваат билет и на денот на натпреварот, 17 август, да им се придружат пред јужната трибина каде ќе го изразат револтот од ваквата одлука на управата на ФК Вардар.
-Придружете ни се пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ . Западот ве повикува сите Македонци. Јави се јужна, јужна е Вардар, јужна сме сите ние, повикуваат од навивачката група Комити.
А1он се обиде да добие одговор дали управата ќе ја промени одлуката, но од таму ни беше кажано дека во моментот нема ниту еден надлежен во клубот кој може да ни одговори на ова прашање.
Виктор Јованов