Коле се пожали: Не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден

Од:

Аргентина и одржа лекција на Франција и ја исфрли од Светското првенство со резултат 80:66 во второто полуфинале на турнирот.

Францускиот селектор Винсент Коле му оддаде почит на аргентинскиот тим, но се пожали дека Французите добиле само еден ден одмор, додека „гаучосите“ имаа два.

– Честитки до Аргентина за победата. Агресијата е клучна во ваквите дуели и вечерва тие беа многу поагресивни отколку што бевме ние, особено во одбраната. Не можевме да ја покажеме нашата добра игра од претходните мечеви. Тие извршија голем притисок и беше дури тешко за нас да ја извадиме топката од нашата половина. Немавме доволно енергија. Не сакам да се жалам, но не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден. Не трениравме синоќа, затоа што моите момчиња беа исцрпени, но Аргентинците одиграа многу добар натпревар и заслужено победија, објасни Коле по мечот.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он