На својот официјален фејсбук профил, компанијата Кока Кола му посака добредојде на македонскиот репрезентативец во НБА тимот Атланта Хокс.
„Добредојде во нашиот роден град Перо Антиќ! Ти посакуваме одлични игри со кои ќе ги направиш твоите македонски фанови горди и бучни”, стои во пораката.
Компанијата Coca-Cola е формирана токму во градот Атланта во федеративната држава Џорџија (Georgia), уште во далечната 1886 година.
Антиќ, кој во изминатите две години со Олимпијакос освои две титули во Евролигата, деновиве потпиша договор со Атланта Хоукс на една плус една година.