Кој си игра и го уништува К.К.Работнички?

Од:

Проблемите со кошаркарскиот клуб Работнички никако да престанат. Кој си игра и кој сака да го уништи нашиот најтрофеен клуб?

Како што објави Либертас, К.К. Работнички во последната сезона не постигна никаков резултат, иако бомбастично беа најавувани и средства и спонзорства од управата назначена од поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.

Очигледно некој не сака клубот да продолжи да работи и да постигнува резултати. Според наши информации, се уште актуелната управа поставена од Тодоровиќ ги нема подмирено сите обврски кон играчите и службите, кои се околу 100. 000 евра.

Колку за потсетување, истата таа управа влезе и во директна војна со навивачката група Сити Парк Бојс, која поради тие недоразбирања од 23. 11. 2012 ги бојкотише натпреварите. Жална беше сликата, Работнички да игра во празна сала без поддршка од трибините.

И покрај тоа што не постигна никаков резултат, управата проба да направи раздор помеѓу навивачката група, проблемите не застанувааат тука. Членовите на управата и извршниот директор Тони Димитровски не одговараат на повиците за да се свика Годишно собрание со што би се разгледувала моменталната состојба во клубот и би се преговарало за назначување на нова управа за враќање на стариот сјај на К.К. Работнички.

Проблемите не застануваат тука. Во салата на К.К. Работнички нема тренинзи, а на моменталните играчи во младинските категории наголемо им се делат исписници. Со тоа доколку итно не се преземе нешто, некогашната најдобра школа и расаданик на млади таленти може да згасне.

Според наши информации, главни виновници во ситуацијава се моменталната управа и извршниот директор Тони Димитровски кои не сакаат да ги решат настанатите проблеми и не даваат можност да се одважат на поканите за годишно собрание. Според информациите, доколку се продолжи така разрешницата ќе се бара на суд, со што некој ќе сноси одговорност.

Започнати се преговори за составуање на нов Управен Одбор кој треба да го врати К.К. Работнички на старите патеки, откако ќе се смени статрата управа. Веќе се договорени спонзори, играчки кадар, а се најавува и враќање на легендата на К.К. Работнички – Марин Докузовски на челната позиција во тимот, пишува Либертас.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ