Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Од:

До крајот на Европското првенство во Германија останува само уште еден натпревар, а освен трката за европскиот шампион во која остануваат Шпанија и Англија, отворена е и трката за најдобар стрелец на турнирот.

Во конкуренција за најдобар голгетер на првенството, кој ќе ја добие Златната копачка, останаа четворица фудбалери.

Тоа се Дани Олмо и Хари Кејн со по три гола и Фабијан Руиз и Џуд Белингем со по два гола.

Секако, Букајо Сака, Оли Воткинс, Ламине Јамал, Нико Вилијамс, Алваро Мората, Феран Торес, Дани Карвахал, Родри и Микел Мерино, кои имаат по еден гол на своето конто, имаат шанса да ја освојат Златната копачка, но тоа е речиси невозможно некој од нив во финалето да постигне хет-трик.

Според моменталниот пласман, Дани Олмо е најблиску до Златната копачка.

Имено, иако Кејн и тој имаат по три гола, Олмо има две асистенции, а Кејн ниту една, а тоа е критериум што се зема во предвид во случај двајца играчи да имаат ист број на голови.

Дури и Олмо да не направи ништо во финалето, а Кејн да забележи две асистенции, Олмо би ја добил Златната копачка, бидејќи тогаш би се зел во предвид третиот критериум, а тоа е помал број минути. Олмо досега одигра 341 минута, а Кејн 544 минути.

Поради минутажата, Олмо би ја добил и Златната копачка доколку Руиз постигне гол во финалето. И двајцата би имале по 3 гола и 2 асистенции, но Руиз досега одигра 111 минути повеќе.

Моментален пласман во трката за Златната топка:

Дани Олмо 3 гола / 2 асистенции / 341 минута

Хари Кејн 3 гола / 0 асистенции / 544 минути

Фабијан Руиз 2 гола / 2 асистенции / 452 минути

Џуд Белингем 2 гола / 0 асистенции / 581 минута

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски

УЕФА го испрати дома судијата Тејлор од Еврото откако пенал не досуди пенал за Германија против Шпанија