Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години Ѓорѓи Кочов, заедно со тренерите од стручниот штаб го изготви списокот на играчи повикани за првиот собир, закажан за в четврток (15 јуни) кој ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) со почеток во 8 часот наутро.
На списокот на Кочов се наоѓаат:
Андреј Јордановски – КК Работнички
Лука Стојановски – КК Феникс
Павле Михајловски – КК Земун
Марко Анастасов – КК Работнички
Славчо Темелковски – КК Работнички
Дамјан Крстевски – КК Работнички
Валмир Какруки – КК Шкупи
Томи Петров – КК Кожув
Јосиф Наумовски – КК Феникс
Александар Јанев – Италија
Роберт Стојанов – КК Вардар
Филип Ѓоревски – КК Вардар
Енис Реџеп – КК Шкупи
Никола Шопов – КК Вардар
Мартин Ѓоргевски – КК Пинк Пантери
Антонио Георгиевски – КК Работнички
Кирил Панов – Шпанија
Благоја Димитриев – КК Феникс
Дамјан Лазаров – Италија
Дамјан Миса – КК МЗТ Скопје
Иван Волкановски – КК Вардар
Андреј Деолски – КК Работнички
Мартин Трсунов – КК МЗТ Скопје
Со овој собир официјално започнуваат подготовките на националниот состав кој оваа година ќе настапи на Европското првенство, Дивизија Б што во периодот од 28 јули до 6 август ќе се одржува во Талин, Естонија.