Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години, Ѓорѓи Кочов првично повика 25 играчи за собирот на 15 јуни.
Оваа календарска година, националната селекција до 18 години ќе настапува на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Талин, Естонија, во периодот од 28 јули до 6 август.
На списокот на Кочов се наоѓаат:
Андреј Јордановски КК Работнички
Лука Стојановски КК Феникс
Павле Михајловски КК Земун
Марко Анастасов КК Работнички
Славчо Темелковски КК Работнички
Дамјан Крстевски КК Работнички
Валмир Какруки КК Шкупи
Томи Петров КК Кожув
Јосиф Наумовски КК Феникс
Александар Јанев Италија
Роберт Стојанов КК Вардар
Филип Ѓоревски КК Вардар
Енис Реџеп КК Шкупи
Никола Шопов КК Вардар
Мартин Ѓоргевски КК Пинк Пантери
Антонио Георгиевски КК Работнички
Кирил Панов Шпанија
Благоја Димитриев КК Феникс
Дамјан Лазаров Италија
Дамјан Миса КК МЗТ Скопје
Иван Волкановски КК Вардар
Андреј Деолски КК Работнички
Мартин Турсунов КК МЗТ Скопје
Андреј Настевски КК МЗТСкопје
Миле Станимировиќ КК Јуниор
По завршувањето на првиот дел од подготовките селекторот ќе го намали списокот.